АД Европа Скопје

evropa-logo

ВТОР КАТ – оддел за храна

t: +389 (0)2 3 114 066

m: 071 408 907

e-mail: evropa@evropa.com.mk

w: www.evropa.com.mk

fb: https://www.facebook.com/ADEvropа

АД Европа Скопје

Веројатно доволно е да се каже дека успешно функционира на пазарот од 1882 година, за да знаете дека станува збор за “Европа“.

“Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 130 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тона годишно и продажба на домашен и над 20 странски пазари.

“Европа“ своите почетоци ги започнува како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. За разлика од тогаш, денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите, доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди.

Ние ја одбравме довербата на нашите потрошувачи уште многу одамна, па наша цел и задоволство е тоа никогаш да не се промени.

Уживајте во вкусот кој ги поминува границите и ги надминува вашите очекувања.

“Европа” – Фабрика за задоволства

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?