“Глобално село” со АИЕСЕК во Skopje City Mall

Денес од 18 до 22 часот, Skopje City Mall заедно со AIESEC Скопје, организираат настан “Global Village”, чија цел е да ги зближи луѓето од различни земји и култури и да ги прослави различностите, мултикултурализмот и глобализмот. На влезот на Skopje City Mall пред Play Café, ќе бидат поставени 7 штандови, од кои 6 на државите учеснички (Турција, Романија, Русија, Украина, Кина, Шпанија) и 1 на АИEСЕК. Настанот вклучува млади кои се дел од проектите на размена на АИЕСЕК Скопје: SAMS и Green Up, кои ќе ги претстават своите држави преку својата кујна, традиционална облека, музика, предмети и сценски настапи.

Идејата на овој хепенинг е да се поттикне меѓукултурното разбирање, да се зголеми свеста на младите за глобалните прашања, да ги тргнат предрасудите на страна, да ги прошират своите видици и да стекнат интерес за одредени земји. Тоа го оживува основното гледиште за светот како едно големо “глобално село” кое ги инспирира луѓето да ја разберат и ценат различноста која само придонесува за мир и исполнетост на човечкиот потенцијал, што е всушност и една од основните вредности на АИEСЕК Скопје. Македонија е земја во која е застапен мултикултурализмот, па затоа е од особена важност да ги спознаеме другите култури, да ги почувствуваме нивните животните стилови и да ги прифатиме различностите кои тие ги имаат.

Skopje City Mall досега успеа низ неколку настани да ја доближи културата и традицијата на другите држави до своите посетители. Со “Велигденски свет без граници” беа претставени велигденските обичаи на седум држави, чија цел беше обединување во навидум различните, а сепак слични детали во празнување на овој празник. Со летната кампања Summer Mall која сѐ уште трае, преку специјално дизајнирани корнери поставени низ тргновскиот центар, се отсликуваат 4-те најпознати светски острови, декорирани со за нив карактеристични елементи. А сега со “Глобално село”, повторно ќе се зближат луѓето од различни култури, со што ќе се прослават различностите, мултикултурализмот и глобализмот.

Од Skopje City Mall и АИEСЕК Скопје ги повикуваат сите посетители кои сакаат за момент да ги избришат границите и подобро да ги запознаат другите култури, да дојдат денес во нашиот најголем трговски центар и да уживаат во неколкучасовна дружба, музика и многу забава.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?