“ДЕНОВИ НА ФИНАНСИИ” | Прв саем за банки и финансиски институции во Македонија

Во периодот од 12 – 14 мај 2017 година во трговскиот центар Skopje City Mall под името “ДЕНОВИ НА ФИНАНСИИ” за првпат ќе се одржи саем за банки и финансиски институции на кој учество ќе земат повеќе од 15 банки, осигурителни компании и инвестициски фондови.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најновите понуди за сите банкарски производи во Македонија, да ги разгледаат сите типови на осигурување (животно и неживотно) и да ја одберат најповолната опција за инвестирање.
Претставниците од институциите кои ќе земат учество на настанот “ДЕНОВИ НА ФИНАНСИИ” ќе понудат одговор на сите прашања на посетителите и ќе се обидат преку непосреден разговор и презентација на актуелните производи да ги понудат најповолните услови за сите видови кредити и депозити, најдобрата полиса за осигурување на имот, патничко осигурување или осигурување од незгода, да понудат склучување на договор за животно осигурување или да ги презентираат најдобрите опции за инвестирање на парични средства.
Нашата цел е “ДЕНОВИ НА ФИНАНСИИ” да прерасне во најпосетуван настан од областа на финансиите во нашата земја, каде посетителите ќе имаат можност на едно место да ја разгледаат целокупната понуда на финансиски производи и да побараат совет од претставници на институциите со кои се заинтересирани да воспостават соработка или преку разговор со истакнати експерти од одредена област да донесат најдобра финансиска одлука за својата иднина. Од друга страна, учесниците имаат можност да бидат фер, транспарентни и општествено одговорни чиј главен предизвик ќе биде понуда на најповолни услови како и изнаоѓање најдобро решение со една крајна цел – задоволни клиенти. Резимирано, планираме во иднина настанот да биде “финансиски супермаркет” за граѓаните од Република Македонија – вели Филип Чижбановски, основач на bankarstvo.mk.
На настанот ќе бидат присутни и претставнити од Народната банка на Република Македонија со цел придонес кон зајакнување на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.
Не дозволувајте другите да ви кажуваат што е најдобро за вас и не се претопувајте во масата која што размислува идентично. Дојдете, информирајте се и донесете самостојна одлука за вашата финансиска иднина.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?