Добродојдовте во летната оаза на Women’secret

Деновите стануваат подолги, температурите повисоки, а желбата да излеземе и да се забавуваме сè поголема. Да, тука е летото! Она време од годината кога сите мислат на плажа, море и се разбира костимите за капење на Women’secret.

Оваа сезона Women’secretги води купувачите низ летото со колекција на костими за капење и колекција која нуди многу различни стилови, што дава одлична можност за безброј комбинации. Централно парче, без сомневање, е костимот за капење, прилагодлив и за утрата на плажа и за вечерните морски забави.

Светкавите парчиња носат доза на софистицираност и елеганција, а доаѓаат во светли бои и материјали кои на природен и удобен начин ги истакнуваат облините. За романтичен изглед Women’secretпредлага специјални материјали како тантела за секси, деликатен и безвремен изглед.

Women’secretсекогаш ги има последните трендови кај костимите за капење, а оваа сезона тоа се лентите на стратегиски места на телото со што се истакнува фигурата, а одредени делови од кожата суптилно се покажуваат.Уште еден интересен елемент оваа сезона се парчињата кои може да се носат на неколку различни начини и со кои се креира ултра женствен изглед кој се адаптира на телото.

Свежа, версатилна и женствена колекција во која секоја жена ќе се чувствува удобно, убаво и секси во текот на целото лето.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?