ЗАПОЧНА ОМИЛЕНАТА АКЦИЈА ЗА Д ФЕСТИВАЛ 4+1, ЗА СИТЕ КОИ НА ФЕСТИВАЛОТ ДОАЃААТ ВО ДРУШТВО!

Добра вест за сите кои ја пропуштија приликата да ги купат најповолните влезници за Д ФЕСТИВАЛ – во соработка со Скопје Сити Мол, од денес е овозможена омилената другарска акција 4+1 за групно купување на билетите за Д ФЕСТИВАЛ. Оваа акција е наменета за сите оние кои сакаат незаборавното и единствено фестивалско искуство кај нас да го споделат со својата екипа, при што сите кои заедно ќе купат 4 фестивалски пакети за целосната програма или тридневни билети за главната музичка програма, добиваат ПОДАРОК влезница за петтиот член на друштвото. Сите пет влезници кои ги купувате и добивате во рамки на оваа акција мора да бидат исти.

Акцијата 4+1 се однесува на редовната цена во претпродажба на фестивалските пакети и фестивалските влезници, кои за оваа акција се достапни во ограничен број, а можете да ја искористите само на продажниот пулт на Д ФЕСТИВАЛ во Скопје Сити Мол, секој ден од 14:00 до 22:00 часот.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?