ЛОГОНА | Витаминска крема со органска липа

Липата е многугодишно растение , со потекло од Европа, распространета во Северна Америка и Азија. Во традиционалната медицина се употребува како благ диуретик, седатив, антипиретик. Липата има противвоспалително и тонирачко дејство и е особено благотворна кај кожа која лесно се иритира. Богатството со антиоксиданси како кверцетин и кемферол ја прават липата одличен заштитник на вашата кожа од штетното дејство на слободните радикали и сончевите зраци кои предизвикуваат предвремено стареење.

ЛОГОНА Витаминската крема со органска липа овозможува 24 часовна хидратација на Вашата кожа. Лесната комбинација од органски масла од бадем, маслинка, јојоба и Ши путер го воспоставуваат нормалниот хидролипиден баланс на Вашата кожа и дополнително ја хиддрираат. Ши путерот има слична структура како природниот себум на кожата па лесно се метаболизира, помагајќи ги природните регенеративни процеси на кожата без дополнително оптоварување на нејзиниот метаболизам. Екстрактите од органско алое и цвет од липа ја зголемуваат отпорноста и регенеративните способности на кожата штитејќи ја од процесите на стареење. Органското алое е богато со витамини од Б групата и минерали кои се неопходни коензими во природните метаболички процеси на кожата. Дозволете и на Вашата кожа вистинска витаминска бомба од органски природни состојки и увидете ги благодетите од правилно негувана и и метаболички неоптеретена кожа.

Ве покануваме на нашиот штанд во Скопје Сити Мол ( до Леонидас ) да Ве запознаеме подетално со ЛОГОНА Витаминската крема со органска липа како и многу други производи од нашата палета.

Цена на ЛОГОНА Витаминска крема со органска липа: 1230 денари

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?