ЛОГОНА | Природен баланс за борба против акни!

ЛОГОНА “Clear skin“ течна крема за масна кожа-органско нане

ЛОГОНА “Clear skin“ течната крема наменета е за нега на проблематична , масна кожа. Екстрактите од органска cimicifuga, и лишај шумска брада (usnea barbata) го регулираат лачењето на себумот и ги смируваат воспалителните промени на кожата, со што се спречува појавата на акни и мозолчиња. Екстрактот од органски нане и жалфија освежува и го отстранува вишокот на маснотии од површината на кожата, без иритација и сушење.

Жалфијата е растение богато со есенцијални масла, минерали и витамини. Главна активна состојка е нејзиното есенцијално масло кое содржи кетони а-тујон и б-тујон, како и други компоненти цинеол, борнеол, танична киселина,кафеична и никотинична киселина, никотинамид, флавони. Заедно овие активни состојки имаат антиинфламаторни, антиалергиски, антифунгални и антисептични својства. Ова растение е богато и со витамини , особено од Б групата, фолна киселина, тиамин, пиридоксин и рибофлавин како и витамин А, и витамин Ц кои се моќни антиоксиданси но и неопходни фактори во синтезата на колагенот.
Екстрактот од органска жалфија е богат и со железо, калиум , цинк како и магнезиум кој е кофактор на антиоксидантниот ензим супер-оксид дизмутаза.

Нането во народната медицина се употребува како растение кое поволно делува на системот за дигестија и преку своето смирувачко дејство ги отстранува спазмите и делува како аналгетик. Главна активна состојка е ментолот одговорен за неговиот пријатен мирис. Истото е одличен извор на минерали особено калиум, железо, магнезиум, како и витамини Ц,Е,К, Б6, и витамин А.

Помогнете и на Вашата кожа да го врати природниот баланс, и заблескајте со здрава и негувана кожа!!!

Цена на ЛОГОНА “Clear skin“ течна крема за масна кожа-органско нане 1015,00 денари

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?