Сребрен FMB настан за прв пат на Балканот: Aтракција за сите генерации во Скопје Сити Мол!

Атракции, спектакуларно шоу исполнето со возбуда, натпреварувачи и одлична забава за сите генерации – ова е атмосферата која ќе го исполни Скопје Сити Мол следниот четврток. За прв пат на Балканот наредната недела на 18ти септември, премиерно започнува Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival, ексклузивен FMB Silver настан во склоп на кој Скопје ќе биде дел од манифестација од светски размери.

Ова адреналинско шоу ќе ги собере најдобрите светски екстремни велосипедисти и љубители на спортот на едно место, каде ќе се натпреваруваат во BMX техники и вештини на возење, а сите присутни ќе бидат сведоци и на досега невиден спектакл со акробации од најголемите скокалници до сега.

Во склоп на настанот Скопје Сити Мол организира детска вело школа за која заинтересирани за учество, за секоја активност ќе треба да се пријават на инфопултот за настанот (вело школа или натпреварувањата). Учесниците ќе бидат групирани според возраст. Секој учесник кој ќе учествува ќе треба да им свој велосипед, но во случај некој од учесниците да нема велосипед, организаторот ќе обезбеди велосипед доколку има слободен во моментот.

Следниот викенд, презакажете ги сите останати планови, бидејќи Балкан Бајк Фестивал е настан кој не смее да се пропушти и каде шансата за забава ќе биде можна за секого!

Организатори и поддржувачи на овој FMB Silver настан за оваа година се и Планинарскиот Клуб за Велосипедисти Oxygen и Sport Vision Македонија .

Повеќе информации за настанот кој започнува за само 7 дена на 18ти септември, можете да пронајдете на http://balkanbikefestival.com/ и на http://skopjecitymall.mk/bike/ , а на следново видео можете да ја погледнете атмосферата од минатата година во Виена, Австрија!

Како и повеќе за првиот македонски бајк фестивал на следното видео!

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?