Уживајте во трите најгледани видеo записи на S.A.R.S.

1292843718SARS04

“Свеже Ампутирана Рука Сатријанија” позната како S.A.R.S. е српска музичка група која само по два месеци од своето повторно спојување станува една од најпопуларните музички групи во регионот. Нивната музика е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.

Меѓу многуте песни кои досега ги имаат снимено како три најслушани и најгледани се видеата на песните “Lutka”, “Prespektiva” и “Klinka”.

1 . “Lutka” се смета за една од најубавите љубовни песни. Објавена е на 30 септември 2013 година и со нејзиното објавување армијата на нивните обожаватели се дуплира. Сега песната има гледаност од над 17 милиони. Со оваа песна групата ја постигнува кулминацијата во својата досегашна кариера.

2. “Prespektiva”е втората песна со најголема гледаност од многубројните фанови, објавена e на Youtube на 15 јануари 2012 година. Приказната за суровата реалност во која живееме и сивата преспектива на секој втор млад, станува вистински хит и достигнува гледаност од над 15 милиони.

3. Третата најслушана песна е “Klinka” која можеби и важи за една од најтажни песни на Сарс. Посветена е на прерано починатата девојка на еден од вокалите на групата Сарс. Понесен од емоциите тој насекаде ја бара и ја чуствува девојката, но неможе да ја види, па се прашува зашто толку млада го напуштила. Објавена е на 9 јуни 2014 година и досега има гледаност од 3 милиони.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?