3х3 2k19 во Skopje City Mall

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Стартува претстојната 3х3 сезона во Македонија, а воведниот турнир е билет за големата сцена. Шеснаесет екипи во машка конкуренција ќе се надигруваат на Satellite турнирот додека во исто време ќе биде организиран и FIBA Endorsed турнир во женска конкуренција.

Победникот на Satellite Skopje 2K19 ќе добие прилика да се натпреварува на повисоко ниво, на челинџер турнирот во Франција.

Во Скопје ќе учествуваат 16 екипи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово и Бугарија. Според претходните искуства, тоа ќе биде викенд за уживање и мерак за љубителите на уличниот баскет, организиран под капата на ФИБА.

„Колку сме напреднале претходните нецели две зезони и колку се ценети нашите турнири, зборува податокот што на првата објава за Сателитот во нашата престолнина, веднаш се јавија 25 екипи. Квалитетот ја прави селекцијата, па решивме да ги поканиме најдобрите 16.“ – ни изјави Дараган Караџовски, првиот човек на Здружението 3х3 Македонија.

Покрај официјалнот дел со натпреварите 3 на 3, од Скопје Сити Мол подготвуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн.

FACEBOOK EVENT

Сите баскетџии, и оние кои сметаат дека треба да бидат познати најдобрите баскетџии ширум републиката можат да се пријават на info@3x3macedonia.mk.

Повеќе информации – ТУКА

Линк до play.fiba настан – ТУКА 

Линк до play.fiba Poitiers Challenger – ТУКА

Ова е дефинитивно настан кој не смее да се пропушти! Се гледаме на 3×3 во Скопје Сити Мол!

Ова ќе биде втор Сателит турнир на нашата територија, а по стартниот викенд на 8-ми и на 9-ти јуни во Skopje City Mall, следува и низа турнири со кои што ќе биде одбележана сезоната во Република Македонија.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •