СЛАВИМЕ 6ти РОДЕНДЕН

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Како и досега, така и овој пат, за нашиот 6ти роденден за приредуваме гооолема забава, мноооогу награди и шооопинг лудило.

По повод 6-от роденден  обезбедивме богатата роденденска програма, за сите посетители на Skopje City Mall, каде ќе имаат возбудливо шопинг искуство од 6ти до 7ми октомври со големи попусти.

Забавата започнува во петок кога ви приредивме голема забава со Сашко Коцев од 18:00 до 19:30 часот.

Image may contain: 1 person, smiling, text

А, во сабота започнува големото шопинг лудило од 10 часот. За најбрзите од вас, кои ќе направат шопинг обезбедивме шопинг ваучери во вредност од 600.000 денари. Секој кој ќе направи сметка од 3,000 денари ќе добие  шопинг ваучер во вредност од 500 денари.За секоја сметка од 5,000 денари добивате шопинг ваучер од 1,000 денари и за сметка од 10,000 денари добивате шопинг ваучер од 2,000 денари.

Се што треба да направите е да дојдете на нашиот штанд и да ја прикажете сметката. Не заборавајте…. само НАЈБРЗИТЕ од вас добиваат. Затоа на 06.10 сите на шопинг… КОЈ РАНО РАНИ, ПОПУСТИ ГРАБИ!

За секој од вас, обезбедивме и бесплатни коктели на нашиот штанд. Оние кои ќе успеаат да обезбедат вредносен шопинг ваучер ќе можат да го искористат и во недела. Имаме и мнооогу други активности како флеш моб во 14 часот, имаме карикатурист кој ќе ве црта од 19 до 20 часот. А од 17:00 до 22:00 ќе ве забавуваат неколку наши познати бендови, кои со сигурност ќе направат незаборавна забава.

No automatic alt text available.

Во недела продолжуваат попустите, а на програма имаме ЛЕГО турнир од 12 до 14 часот, како и работилници за најмладите кои ќе траат до 19 часот. Пријавување за Лего турнир

Имаме и нешто за оние физички најспремните, FIT GAMES натпревар во Cross Fit од 12:00 – 16:00 часот на платото пред Скопје Сити Мол.
Fit Games Competition е натпревар во кросфит фитнес. Натпреварот е од отворен тип, што значи дека може да се пријави секој што се чувствува спремен да ги тестира сопствените граници. Отворен е и за публика, па така оние што не се спремни за натпревар ги покануваме да дојдат да се забавуваат со нас, да им дадат поддршка на натпреварувачите и да бидат сведоци на сѐ она што може да се постигне со доволна желба и мотивација. Пријавување за FIT GAMES

Денот не е завршен, Златно Славејче талент шоу. Да имаме и тоа за вас.  Од 18:00 до 19:30 часот секое дете ќе може да испее некоја песна со децата од Златно Славејче, а едно од нив ќе добие бесплатна песна познатиот продуцент Александар Митевски за следниот концерт на славејчињата. Повторно имаме цртање на карикатури од 11 до 13:30 часот и од 18 до 19:30 часот. Забава за сите до бесвест!

Image may contain: 2 people, people smiling, text

Затоа, резервирајте си ги датумите за 6-от роденден на Скопје Сити Мол, и се гледаме.

Happy Birthday Скопје Сити Мол!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •