Ауто Шоу од 10-ти дo 12-ти мај со олдтајмери и електрични автомобили во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Од 10. до 12. мај, во надворешниот дел на Скопје Сити Мол ќе може да се погледне несекојдневна автомобилска изложба која ќе опфати олдтајмери, но ќе даде призвук и кон електричната иднина. Ова Ауто Шоу има за цел да послужи како своеивиден времеплов обединувајќи го минатото преку најстарите автентични олдтајмери, сегашноста -преку актуелната комерцијална понуда на автомобили и секако иднината која треба да биде електрична, особено преку ексклузивните модели на Тесла.

Сите љубители на автомобилската индустрија, но и сите кои уживаат во индустрискиот дизајн, како и следбениците на технологијата ќе имаат можност да пропатуваат низ времето преку оваа изложба, а во внатрешноста на Скопје Сити Мол ќе можат да погледнат и електрични велосипеди и тротинети.

“Ние секогаш ќе даваме дополнителна вредност на посетителите на Скопје Сити Мол, овозможувајќи несекојдневни изложби и искуства за нив. Ги следиме трендовите и ни е исклучително важно да придонесуваме за заштита на животната средина и токму поради тоа на почетокот на годината ги инсталиравме и првите полначи за електрични возила во паркингот на Скопје Сити Мол. – истакна Валентина Николовска, менаџер за комерцијализација во Скопје Сити Мол

Скопје е урбан град кој има потреба од едно вакво ауто шоу со цел да ги собере сите вљубеници на автомобилот кој обединува технологија, дизајн и функција.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •