Многу изненадувања и подароци за првиот училишен ден во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Се ближи крајот на летниот распуст, а тоа значи дека е време да се подготвите Вие и Вашите деца за перфектен старт на новата учебна година. Почнувајќи од 25ти па сѐ до 09.09 во Скопје Сити Мол ве чекаат специјални изненадувања кои овој трговски центар ги подготви за Вас и Вашите најмили.


Во периодот што следи, во Скопје Сити Мол ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење… Скопје Сити Мол е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година.

„Завршувањето на летниот распуст и почетокот на училишната година претставуваат големо разочарување кај децата и родителите. Токму затоа тимот на Скопје Сити Мол има за цел да се погрижи почетокот да го направи вистинска песна преку разни активности во периодот од 25.08 до 09.09 и да ги разубави последните денови од распустот со многу забава, игри, пеење и шопинг на попуст и акции.” – изјавија од Скопје Сити Мол.

Од 25.08 до 09.09 во Скопје Сити Мол ќе биде поставен џиновски спинер, кој ќе може да се заврти со приложена сметка од над 3.000 денари од локалите кои учествуваат во кампањата. Секое вртење е добитно, односно имате шанса да добиете еден од вредните подароци: таблети, училишни ранци, училишни несесери и други награди.

И оваа година како и минатата, на 3ти септември првачињата ќе ја положат “заклетва” – детска песничка, а на настанот децата ќе ги забавува и ќе им помага Ивце Пивце.

Еден од новитетите за оваа година е и натпреварот за најдобро рапување. Скопје Сити Мол подготви рап песна, а секој до вас ќе може да прати видео со своја изведба и да освои награда преку социјалните мрежи користејќи #CityMallB2S

КЛИКНИ ТУКА ЗА КАРАОКЕ РАП ПЕСНА

Повелете правилата за учество во играта!

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •