Подгответе се за првиот училишен ден со многу изненадувања и подароци во Skopje City Mall

Се ближи крајот на летниот распуст, а тоа значи дека е време да се подготвите Вие и Вашите деца за перфектен старт на новата учебна година. Почнувајќи од денес па сѐ до 10.09 во Skopje City Mall ве чекаат специјални изненадувања кои Skopje City Mall ги подготви за Вас и Вашите најмили.

Периодот што следи, во Skopje City Mall ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење… Skopje City Mall е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година, а во Skopje City Mall врти сучи, сите ќе добиваат. Имено од 28.08 до 10.09 на приземјето во Skopje City Mall ќе биде поставен џиновски спинер, кој ќе може да се заврти со приложена сметка од над 3.000 денари од локалите кои учествуваат во кампањата. Секој учесник е добитен, односно имате шанса да добиете еден од вредните подароци: ХВОХ, таблети, училишни ранци, училишни несесери и спинери.

На 4ти септември со почеток во 13 часот, првачињата ќе положуваат заклетва” -детска песничка, чие авторско дело е на продуцентот Александар Митевски, а на настанот децата ќе ги забавува и ќе им помага Ивце Пивце и Марија Јанчевска. На првиот училишен ден сите првачиња и родители ќе можат да добијат бесплатна дигитална фотографија.

Правилата на играта можете да ги погледнете тука

Едни од нашите најдраги посетители ни се најмалите членови на семејството. Постојано организираме разни семејни настани и кампањи посветени на нив и нудиме многу изненадувања, забава и гаранција за весели и насмеани лица. Саеми за деца и родители, Зимски приказни, Mask’n’Mall и Magic world се само еден дел од нив, а особено сме горди што оваа година го донесовме и големиот LEGO Фестивал во нашата држава. Како и горенаведените настани, така и оваа кампања “Врти сучи, секој добива“ ја посветуваме на дечињата и ќе се потрудиме максимално да им ги разубавиме последните денови од летниот распуст.” – изјави преставникот на маркетинг секторот Дарко Панчевски.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?