Bellina најавува големо отворање на нов продажен штанд за парфеми во Скопје Сити Мол

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Ви го најавуваме големото отворање на новиот продажен штанд на брендот Bellina, во Скопје Сити Мол. Bellina е единствен и официјален застапник за парфемите JFenzi во Македонија, кои се произведуваат во Грасе, Франција. Станува збор за парфеми со докажан квалитет и долготрајност, за кои се уверени и нивните многубројни купувачи. Она што како проект почнаа да го развиваат, во вид на онлајн продавница, продолжува секојдневно да се надградува и развива, со стремеж кон освојување на регионалните пазари и задоволување на потребите на потрошувачите. По освојување на пазарот во Србија и Косово, а истовремено заради зголемениот интерес и барање од потрошувачите да бидат што подостапни на пазарот кај нас, одлучија да отворат и штанд во Сити Мол. Штандот ќе биде место каде што ќе можете да ги купите сите производи од познатите брендови, кои ги имаат моментално во палетата за продажба.

Официјалното отворање ќе биде на 04.11.2017 (сабота). Штандот ќе почне со работа во 10:00 часот наутро, а официјалното отворање ќе биде во 18:00 часот. Во периодот од 18:00 до 20:00 часот, сите присутни ќе ги забавува познатата поп пејачка Симона Поповска. Како што можеби веќе знаете, Симона е и заштитно лице на овој бренд.

Ве покануваме да го посетите штандот, кој ќе се наоѓа на првиот кат, веднаш пред продавницата LC Waikiki. Bellina.mk за првите 50купувачи има специјално изненадување.  Секој од првите 50 купувачи, со почеток од официјалното отварање од 18:00 часот, ќе добие гратис тоут ташна.

Дојдете и сами уверете се во високиот квалитет на производите кои се со убедливо најконкурентни цени на пазарот.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •