Безбедни матурски прослави 2017/2018

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Секторот за внатрешни работи  Скопје – Oдделение за превенција на ден 20.04.2018 година (петок),со почеток во 12.00 часот со цел подигање на свеста со единствена цел намалување на девијантно однесување за време на матурските прослави, управување на патнички моторни возила под дејство на алкохол од страна на славениците, нарушување на ЈРМ, во пресрет и за време на прослава на матурските вечери.

Партнери во кампањата се Црвен крст на град Скопје, Републички совет за безбедност во патниот сообраќај, ученици од средните училишта на град Скопје СГУ ,,Васил Антевски Дрен”, приватно училиште ,,Јахија Кемал” и средно музичко училиште ,,Илија Николовски Луј”како и Трговски центар Скопје City Mall кои ја поддржува кампањата воедно и партнер во повеќе превентивни активности.

Покрај симулационата вежба за давање помош при здобиени телесни повреди од изложено хаварисано возило од учество во сообраќајна незгода предвидено е реализација на музички перформанс од учениците од средното музичкото училиште ,,Илија Николовски Луј”, ревијален дел од учениците од СГУ,,Васил Антевски Дрен” и други  сообраќајно превентивни и едукативни активности делење на пропаганден материјал на посетителите на Сити Мол.

Активностите ќе се реализираат на 20,21 и 22.04.2018 година со почеток од 12.00 часот и ќе траат до 18.00 часот.

Целта е да испратиме порака до родителите и матурантите одговорно однесување, испитот на зрелоста го потврдат со добро однесување и  во пресрет и за време на матурските прослави


  •  
  •  
  •  
  •  
  •