Безбедно купување во суперсторот „Литература.мк“ – поставени прочистувачи на воздух кои ги користи и НАСА

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Ставајќи ја грижата за своите потрошувачи во преден план, меѓу кои и воздухот кои го дишат и нивното здравје, во суперсторот „Литература.мк“ во трговскиот центар „Скопје Сити мол“ неодамна беа поставени најсовремените уреди за прочитување на востухот – Dust Free – Air Knight.

Станува збор за уреди за причистување со фото катализатори кои го користат процесот Photocatalytic Oxidation кои влијаат врз коронавирусот и грип, а потврда за нивниот ефект може да се најде во голем број независни истражувања меѓу кои и анализа од Универзитетот во Милано. Оваа технологијата е развиена и користена од НАСА (Национална аеронаутичко-вселенска управа) за санитизирање на леталата за вселенски мисии, каде што единствениот услов е стерилен воздух. Покрај дезинфекција на воздухот се добива и зголемување на ефикасноста на филтрите M6 за 9,9 отсто како последица на јонизацијата на честиците, како и ефикасност до 100% на уништување на бактерии и вируси.

Уште при подготовката на овие прочистувачи на воздухот, стручњаците заклучиле дека во денешното општество речиси 90 отсто од времето го минуваме во затворени простории. Но, Dust Free – Air Knight генерира природни оксидирачки јони кои се транспортираат и ги уништуваат загадувачите преку воздушните системи и во средината.

Од „Литература.мк“ велат дека продолжуваат да се грижат за своите посетители во секој сегмент почнувајќи од тоа да им овозможат здрава средина за купување за време на празничниот период, како и огромен избор на нови изданија за сечиј вкус и возраст.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •