Брендот Citizen во Македонија!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Денес b watch 1920 ја имаме честа да ја објави супер вест за македонските потрошувачи, љубители на часовници: Citizen, брендот миленик на вистинските познавачи на безвременските часовници пристигнува во Македонија!

Стремејќи се да останеме единствени во Македонија коишто не само што го „мерат времето“ туку и остануваат во чекор со него, чекорејќи кон нашиот стогодишен јубилеј, стануваме официјални дистрибутери на овој бренд – великан во светот на часовниците. Со тоа, ја збогатуваме традицијата на b watch 1920 со долгата и докажана традиција на Citizen.

Создаден како спој меѓу јапонската прецизност и стремеж кон совршенство, Citizen, со секоја нова колекција, го докажува своето незаменливо место во животот на современиот човек.

Пионери во произведувањето на eco-drive часовници, повеќе од четири децении Citizen ја користат иновативната технологија на претворање на еден вид енергија во друг, и создаваат часовници коишто се напојуваат од светлина, со што ја одржуваат позицијата на најиновативната компанија на пазарот.

Предводен од слоганот #betterstartsnow, уште од самиот почеток на своето постоење, овој бренд се стреми да постигне баланс помеѓу привлечниот дизајн и новата технологија и со тоа да даде свој придонес во создавањето на подобар свет за секој негов жител.

А, со оваа убава вест, од овој момент па натаму, и вие имате можност да бидете жител на светот којшто Citizen го создава за сите н


  •  
  •  
  •  
  •  
  •