Cineplexx | КОПЕЛИА, БОЉШОЈ, 2018

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Музика: Лео Делибе
Кореографија: Сергеј Викарев
Недела, 10. јуни 2018год. во 17:00ч
Времетраење: 165 минути

Оригинален наслов: Coppélia (Ballet), Moscow Bolshoi, 2017/2018
Почеток на филмот: 10.06.2018
Траење на филмот: 185 Минути
Земја / година: RUS/2018
Жанр: Балет, Балет
Режија: Leo Delibes / Sergei Vikharev
Дистрибутер: Pathe Live
Возрасна Категорија:

Сванхилда забележува дека нејзиниот свршеник Франц е залуден од прекрасната Копелија која секој ден седи на својата тераса и чита. Со ситуација во која Франц и Савнхилда се многу блиску да ја раскинат својата врска, Копелија не е таа која изгледа дека е, така што Сванхилда решава му одржи лекција на Франц …
Верзијата на Копелија, во единствена изведба на Бољшој, покажува фасцинатна реконструкција на оригиналната кореографија од 19 век. Оваа жива комедија вклучува енергична хероина, детинест свршеник на кого „му шета“ погледот и стар мајстор кој прави кукли. Неверојатната екипа на балетот Бољшој блеска во разноликоста на изведбата и со фамозниот „танц на часовите“, додека неговите првенци изобилуваат со младешка енергија и неодолив хумор во оваа жива претстава.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •