Cineplexx

cineplexx-logo

ВТОР КАТ

t: +389 2 3074-477

e-mail: kino@cineplexx.mk

e-mail: cineplexx.skopje@cienplexx.mk

web site: www.cineplexx.mk

Cineplexx

Cineplexx е семејна австриска компанија со долгогодишна традиција. Основана во 1951 година, компанијата денес има силно присуство во регионот на ЈИЕ. Во последните три години доживува рапидна експанзија во регионот на екс-Југословенските простори. Присутна е со 44 мултиплекс кина на локации во Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Македонија, Италија и Албанија, нудејќи вкупен капацитет на седишта од 56.065 во 291 кино сали. Во 2013 година, вкупниот број на вработени изнесуваше 1.250. Компанијата бележеше вкупен профит од 115 милиони евра. Бројот на посетители на Cineplexx во 2013 година достигна бројка од 11 милиони.
Cineplexx беше првиот европски изложувач, кој ги дигитализираше сите сали во 2009 година. Како иновациски лидер во областа на кино прикажувањето, Cineplexx секогаш ги обезбедува најновите технологии како што се D-Box подвижни места за седење и 3D IMAX театри. Оваа компанија има специјални CRM алатки и нуди различни можности за купување на билети (преку интернет, терминалите за билети, мобилни страници и апликации).

Cineplexx и во Скопје
Скопје има голем потенцијал во однос на пазарот на кино. Со новиот Cineplexx, може многу да се прошири филмската програма. Оттука и иновативното кино се враќа со целиот филмски спектар во главниот град на Македонија.
Cineplexx имплементираше кино со 9 сали. Со тој концепт, можно е да има огромна разновидност во програмата, но и голем избор на филмови. Киното во Скопје ги има сите технички карактеристики на модерно Cineplexx кино. Исто така, за удобноста при гледањето на филмовите нема да се испушти и поголемото растојание помеѓу редовите, удобната широчина на седиштата, стадионското седење, што би значело голема видливост од секое седиште и “wall-2-wall” екрани.

Контакт телефон за информации и резервација на билети:
02/3074-477

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?