Пред и за време на овој викенд, во Скопје Сити Мол: Киндерленд за Мали и Големи деца

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

ПОПУСТИ НА ОБЛЕКА, ОБУВКИ И ДРУГИ ДОДАТОЦИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ И ОД 70 ОТСТО

Ова претсезонска акција е исклучителна можност родителите да ги подготват своите деца пред летните одмори, по намалени и поволни цени.

Скопје Сити Мол ја продолжува практиката на своите посетители да им понудува претсезонски акции и изненадувања. Така и овој пат, во пресрет на летото што доаѓа, од денес па до 03 јуни, ширум се отворени вратите за сите оние кои што се во потрага по парчиња облека, опрема и други додатоци за бебиња и деца. Во акцијата “Киндерленд за Мали и Големи деца”, сите овие призводи се по саемски – буџет цени, пристапни за секој џеб.

“Во соработка со нашите закупци кои што се приклучија кон оваа акција на саемски попусти на производи за бебиња и за деца, се обидуваме на нашите ценети потрошувачи да им овозможиме претсезонско шопинг искуство со цени на селектирани артикли и од -70 отсто. Во акцијата се вклучени производители и брендови на бебешка и детска гардероба и обувки, колички за бебиња и друга опрема, училишна опрема, додатоци и уште многу друго”, велат одговорните од Скопје Сити Мол.

ДЕЛ ОД ПОНУДАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ НА НАШАТА ФЕСЈБУК ФАН СТРАНА   

https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/

Во викендот што доаѓа, 01 и 03 јуни, предвидени се и други забавни активности, како што е, на пример LEGO турнир.

Ова претсезонска акција е исклучителна можност родителите да ги подготват своите деца пред летните одмори, по намалени и поволни цени.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •