Денес 18-ти јануари е вашиот најсреќен ден – Ден со најголеми попусти во сите Нептун продавници!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа е денешниов ден понеделник 18-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници, ладното време и исчекувањето на пролетта и летото.

Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство, се потруди на граѓаните на нашата држава овој “Blue Monday” да им биде еден од најсреќните денови во годината! Нептун денес организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со најголеми попусти и супер понуди. Акцијата “Само еден најсреќен ден” нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата важи за купување во Нептун продажнoт салон во Скопје Сити Мол, и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, АЈДЕ во Нептун во Скопје Сити Мол, изберете од најдобриот избор и уживајте во овој најсреќен ден!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •