Доделени првите карти за финалето на FIFA World Cup 2018 Russia

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Останаа уште две карти за финалето!

Првиот циклус од забавната игра во која најдобриот учесник освои 2 карти за финалето на FIFA World Cup 2018 Russia заврши. Екрем Далип е првиот добитник кој ќе замине во Москва за да го следи во живо финалето на светското првенство. Интерактивната игра е во организација на Скопје Сити Мол во партнерство со Кореа Ауто Трејд – официјалниот дистрибутер за Hyundai на територијата на Македонија и Косово.

Вториот дел од забавната игра е веќе започнат и ќе трае до 3 јули. Најдобриот со употреба на фудбалски вештини ќе може да освои патување за две лица на финалето од светското првенство, а за останатите се обезбедени дополнителни награди.

Како најлесно до најдобар резултат?

Преостанаа само уште неколку дена од натпреварувањето, а ние ви претставуваме неколку трикови за тоа како да постигнете најдобар резултат и токму вие да освоите две карти за финалето во Москва.

Првата игра е фудбалскиот билијард. Шутнете и внесете ги сите топки освен црната и белата. Слично е како играњето на класичниот билијард.

Потоа следува фудбал флиперот: Играте двајца и кој прв даде 3 гола тој победува. Една мала тајна. Користете ги спунтовите.

Шутирај прецизно! Протнете ја топката низ една од дупките. Шутирајте лесно и едноставно, без силни движења.

За крај е фудбалскиот голф. Лесно е: силно шутнете за да ја помине точката на искачување, а потоа топката сама влегува во целта.

Не заборавајте, сѐ што ви е потребно е фискална сметка од над 300 денари од било кој локал во Сити Мол и наполнети 18 години за да се регистрирате и учествувате во забавната игра. Зоната за играње и забава ќе биде отворена секој ден за сите посетители од 10 до 22 часот и ќе може да се користи постојано, освен кога се прикажуваат натпреварите од Светското Првенство. Сите натпревари ќе може да се следат во фуд корнерот, кафетериите и во фан зоната.

Бидете и вие дел од фан зоната и играјте за патување на големото финале на FIFA WORLD CUP RUSSIA 2018!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •