Започнува месец на модата во Skopje City Mall

За сите љубители на модата и модните трендови Skopje City Mall организира кампања “Fashion month”, која започна од 4-ти мај, а ќе трае до 4-ти јуни. Во периодот кој следи секоја недела ќе биде посветена на различни групи на производи каде ќе биде презентирана понудата на закупците, а производите ќе можат да се купуваат по намалени цени.

На 4-ти мај започна матурската недела фокусирана на сите матуранти кои се во потрага по својата совршена комбинација, а ќе трае до 10.05. Наредната недела е посветена на џинсот. Џинс-манијата ќе трае до 17.05, а веднаш потоа започнува shoes mania, каде закупците ќе го понудат најдобриот избор на чевли по намалени цени. Последниот дел од Fashion month е резервиран за фустаните и со тоа ќе се заокружи месецот на модата.

“Целта на оваа кампања и сите останати настани кои ги организираме, е секој пат посетителите да добијат ново искуство и шопингот да го претворат во посебно доживување. Настојуваме нашиот трговски центар да биде во чекор со сите глобални достигнувања во контекст на стандардите, интеракција со потрошувачите, понудата на брендовите и целокупниот амбиент. Во овој месец на модата, секој вљубеник во добриот моден стил ќе го пронајде своето парче облека и притоа ќе го искористи попустот кој го нудат закупците следните четири недели.”- изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Од трговскиот центар најавуваат и многу дополнителни активности, изложби и интерактивни работилници интересни за сите посетители. За повеќе детали посетете ја нивната официјална веб страна http://skopjecitymall.mk/.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?