FORECAST: SUNNY WITH A CHANCE OF THUNDER

 
 
   

Нова година е вистинското време, а поради тоа и јас дојдов поранo, на почетокот на оваа година возејќи се на Thunder, со мојот Buzz Crew. Беше забавно, изминатите неколку недели e време кое го поминеме со пријателите и семејството, а исто така моравме да се потсетиме на интересните моменти од минатото. Сега, претпоставувам дека стоиме заедно овде, на почетната линија на една убава, слободна, инспиративна и креативна дваесет и дваесетка, па да го искористиме максимумот од тоа. Да почнеме да работиме кон нашите цели.

Денес сум тука да ги споделам со вас моите размислувања за патики со ДНК на патики за трчање, што сега се надградени во вид на Puma Thunder Fashion 2.0. Разновидноста на оваа патика ме изненадува, јас погледнав неколку различни модели во продавницата на Buzz Sneaker и најдов неколку совршени комбинации. Од сите нив, јас застанав кај овие црно црвени патики. Големиот контраст толку ве привлекува што не можете да престанете да гледате во нив, за полека да почнете да ги откривате сите различни текстури кои ги има на самата патика. Футуристичката силуета изгледа како сама да се движи, секој дел од патиката и ѓонот е направен како сам да се движи.

На нога добивате лесно чувство, благодарејќи на тенкиот горен дел, и исто така поради изненадувачки добриот ѓон. Инспирирано од соработката на PUMA и Alexander McQueen, Puma Thunder Fashion 2.0 се дел од модните писти и ви обезбедуваат одлична амортизација и поддршка, благодарение на IMEVA базата. Самата патика е разубавена со логото од мачка на јазикот на патиката, и на овој начин е создаден прекрасниот стил од долготрајниот гигант за патики. Сигурен сум дека долго време ќе бидат дел од мојот плакар и дека заедно ќе направиме многу спомени кои ќе ги запишеме во книгата за 2020 година.

Доколку решите Puma Thunder Fashion 2.0 да бидат дел од вашиот стил, можете да ги најдете во најбликата BUZZ продавница или на нашиот online shop. Среќен сум што повторно се читаме во уште една сторија на BUZZ. Ви посакувам се најдобро и добрата енергија да трае се додека не ги исполните своите цели.

 

Stay creative!
Ciprian Ciulei


 
 
   
Translate in English»