Mузејска поставка во Skopje City Mall “ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Скопје Сити Мол во соработка со НУ Археолошкиот Музеј, НУ Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија, ја организираат првата вон музејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија насловена како “ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО“.

Од името на изложбата “ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО” може да се насети дека експонатите покриваат период од праисторијата па се до поновата историја на жената во Македонија. Таа на изложбата ќе биде претставена преку 8 археолошки експонати насловени како “Праисториските дами од Македонија”, 6 историски инфотабли каде е претставена “Жената борец за државност и самостојност”, како и 5 експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.

Изложбата ќе може да се погледне од 7-ми до 14-ти март во атриумот на приземјето на трговскиот центар, кој ќе биде адаптиран како музејска галерија со високи стандарди. Ова е прв настан од ваков тип организиран во нашата држава, каде експонати од музеите ќе бидат изложени во јавен објект a со  тоа музеите преку најфрекфентното место во градот ќе се им доближат на граѓаните на модерен и неконвекционален начин.

И за прв пат, на едно место со голема синергија меѓусебе ќе ја прикажат жената во Македонија во вид на патување низ времето.

Image may contain: people standing

Image may contain: one or more people, people on stage and people standing

Image may contain: one or more people and people standing

Image may contain: one or more people

Image may contain: 1 person

Image may contain: one or more people and indoor

Image may contain: 1 person, standing

Image may contain: one or more people and people standing

Image may contain: one or more people

Image may contain: one or more people and people standing

Image may contain: one or more people, people standing and indoor

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •