Известување до јавноста за планирана вежба

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Почитувани,

Би сакале да ве известиме, дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување Трговскиот Центар Скопје Сити Мол, управувано од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје,на ден 27.03.2019 година ден среда, со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ЗЕМЈОТРЕС и евакуација на сите присутни вработени во локалите во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот , оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и  учество на вработени од службата за чистење СЕРТА. Вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол и Бригадата за противпожарна заштита

Со почит,


  •  
  •  
  •  
  •  
  •