ИЗВЕСТУВАЊЕ – Стартот на „3х3“ баскет турнирот одложен за 16ти јуни!

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Спортскиот кошаркарски спектакл – турнирот „FIBA 3х3 Skopje City Mall 2k18“ ќе се одржи на 16ти и 17ти јуни, на катната гаража во Skopje City Mall.

Организаторите информираа дека терминот за одржување на настанот што претходно беше закажан да започне на 15ти јуни од 19:00 часот, е променет поради лоши временски услови. Бидејќи настанот е предвидено да се одржува на отворено, лошите временски неприлики би ја оневозможиле неговата реализација на највисоко ниво.

Целосната програма и најавени активности ќе се одржат во новиот термин, а организаторите најавуваат вистински спортски спектакл кој никого нема да остави рамнодушен.

Се гледаме на баскет УТРЕ ВО 17:00 ЧАСОТ, на 5то ниво на катна гаража во Skopje City Mall!


  •  
  •  
  •  
  •  
  •