Известување за спроведување на вежба

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Би сакале да ве известиме, дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување Трговскиот Центар Скопје Сити Мол, управувано од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје,на ден 27.03.2018 година ден вторник , со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционалноста на противпожарните системи, функционалноста на Кризниот Штаб на Трговскиот Центар, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАР и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.

Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •