JYSK: ПРАЗНИЧНА МАГИЈА И НОВ НОВОГОДИШЕН АСОРТИМАН

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Оваа празнична сезона, JYSK го представува трендот кој ги возвишува семејните вредности и hygge моментите. Идеата потекнува од природата и моќниот северен пејсаж. Во овој блог ќе ве инспирираме да создадете класична празнична магија со традиционалните симболи: црвената и зелената боја во Cozy Tradition стил.

Овој стил ги негува обичаите и спомените од минатото. Свеќите и венците се некои од првите асоцијации кога помислуваме на зима, празници и Нова година. ODEN LED свеќите имаат броилник, работат 6 часа, па потоа се гасат на 18 часа. Пријатно ќе ве изненадат кога автоматски ќе се упалат, дури кога вие сте ги заборавиле. Немора да се грижите дали сте ги изгаснале кога сте го напуштиле домот или кога спиете. Бонус: го немаат мирисот на угасени свеќи.

На најмалите ќе им се допаднат празничните чорапи во кои ќе може Дедо Мраз (или неговите помошници) да ги наредат подароците. Може да ги поставите каде сакате, па дури на скали, само додадете сијалички за целосна атмосфера.

Надополнете ја својата класична декорација со совршени детали, со што спремни ќе го дочекате најубавиот период од годината. Сменете ги обичните перници со неколку декоративни, како на пример со KIMBERLIT перницата со винтиџ изглед, или со безвременската KORNSTEN, a новогодишното џуџе ставете го да одмара на креветот или клупата во ходникот…

Cozy Tradition трендот создава топла и пријатна атмосфера во вашиот дом и креира разигран, сладок и волшебен допир на празничното уредување.

 


  •  
  •  
  •  
  •  
  •