JYSK: Во ФОКУС – JONSTRUP колекција

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Доколку сте во потрага по столица која совршено ќе се вклопи – дури и кога ќе одлучите малку да го преуредите или освежите домот – дефинитивно морате да ја погледнете нашата JONSTRUP колекција на мебел.

Погледнете што таа содржи:


Колекцијата JONSTRUP вклучува неколку трпезариски столици, шанк столици и маса, па дури и канцелариски столици. Во овој блог пост, дојзнајте кои од овие производи добија највисоки оцени од нашите клиенти.

ДАЛИ ПРЕФЕРИРАТЕ СИВА, ЦРНА, ЗЛАТНА ИЛИ КАФЕНА БОЈА?

Најпопуларниот производ од JONSTRUP колекцијата се трпезариските столици кои се достапни во неколку бои и материјали, што ви го олеснува комбинирањето со останатите артикли во трпезаријата. Трпезариската столица JONSTRUP од вештачка кафена кожа е оценета со 5 ѕвезди од страна на нашите клиенти.

Друга опција е и нашата најнова JONSTRUP трпезатиска столица во црно-златна комбинација, со модерен изглед. Класичната и елегантна црна боја, овде е искомбинирана со гламурозната златна боја во делот на ногарките. И оваа столица е оценета со 5 ѕвезди, со коментар: “Удобна и навистина квалитетна”.

ПОВРЗЕТЕ ЈА ТРПЕЗАРИЈАТА СО ДОМАШНАТА КАНЦЕЛАРИЈА
Освен трпезариските столици со различни дизајни и материјали, JONSTRUP го дели името и со канцелариски столици. Овој класичен и едноставен дизајн ќе го воодушеви секој од вас.

Канцелариската JONSTRUP столица беше опишана со: “Одлична столица, удобна, особено за вашиот грб. Исто така, столицата е прекрасна и го разубавува секој простор. Ја препорачувам секому!”

СОВРШЕНО МЕСТО ЗА КАФЕ
Колекцијата JONSTRUP вклучува и шанк столици. Безвременскиот дизајн ќе ви овозможи да ги поставите каде и да посакате, дури и некаде во мал стан, во ќошето покрај кујната. Еден од клиентите додаде: “Одговараат на модерниот, но и ретро стил”.

ЗОШТО JONSTRUP Е ТОЛКУ ПОПУЛАРНА?
Со оцени од 4 или 5 ѕвезди на сите производи, колекцијата JONSTRUP е една од најпродаваните серии на мебел во JYSK. Дали е тоа бидејќи има прифатлива цена, дизајн или можеби комбинација од двете? Нашите клиенти истакнуваат дека со JONSTRUP добиваат повеќе од тоа за што платиле.
Особено интересно кај JONSTRUP колекцијата е – било тоа дали ја дизајнирате трпезаријата, кујната или работната соба, се е прилично едноставно кога имате една или повеќе столици од оваа колекција. Материјалите и боите ви пружаат прилика да создадете безвременски, а истовремено и модерен дом.
Која е вашата омилена?
Истражете ја целата понуда на JYSK.mk или посетете го продажниот салон.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •