Kids Club

ЗА ДЕТСКИОТ КЛУБ

Скопје Сити Мол Детски клуб – CITY KIDS CLUB© претставува простор во молот резервиран за најмладите. Ќе функционира во континуитет преку целата година а секој месец, содржински, ќе го обележува различна тема, разработена преку креативни работилници, детски претстави, едукативни предавања и многу, многу забава.

А. Стратегија

Формирањето на ваков Клуб претставува долгорочна стратегија за третман на две целни групи: деца и родители. Преку континуирано членство, децата на возраст од 2 – 14 години ќе може да бидат активни во два сегмента: игра/забава и едукација. Родителите, како формални носители на детското членство ќе имаат можност да бидат информирани за секојдневни теми поврзани со развојот и воспитувањето на децата.

Функционирањето на детскиот Клуб ќе биде организирано тематски и тоа секогаш преку едукативни и забавни содржини.

Ќе се постават содржини за три возрасни групи на деца:

  • Мини: од 2 до 5 години
  • Џуниор: од 6 до 10 години
  • Сениор: од 11 до 14 години

Б. Правила

Секое дете, придружено од родител или старател, доброволно може да стане член CITY KIDS CLUB© детскиот клуб. Членството носи исклучиво однапред дефинирани поволности и бенефиции, а не и никако обврски за членовите. Секој член на Клубот ќе има можност за активно учество во однапред дефинираната интерактивна и/или едукативна програма.

Просторно, CITY KIDS CLUB© ќе функционира во рамките на Скопје Сити Мол (посебно организиран и уреден простор). За времетраење на организираната програма, за децата ќе се грижат “домаќини“ на Клубот кој ке биде одговорен за регистрирање на присуство на секое дете. Регистрирањето на членство ќе се одвива преку лична членска карта со сериски број за секое дете посебно.

kids-club-juni-2015

Каде и Кога?

Просторот резервиран за овој детски Клуб е секогаш вториот кат во трговскиот центар (кај игротеката “Имагинариум“). Локацијата ќе биде посебно оградена со шарена дрвена ограда во која ќе се постават неколку маси и столчиња. Планиран е дел каде “домаќините“ ќе ја вршат административната работа. Во рамки на CITY KIDS CLUB© ќе бидат поставени полици за произведени дела, пано за изложба и фото ѕид (во коридорите околу Клубот).

Термините предвидени за организирани активности се за време на викендите и тоа:

• Сабота и Недела: I етапа од 11 до 18 часот  (за јуниор и медиум) II етапа од 18 до 20 часот (за сениор)

• Вонредни термини за време на работните денови: со претходна најава

 

Предводник на детскиот клуб

Заштитен лик или јунак на CITY KIDS CLUB© ќе биде “Ситимен“ кој ќе биде клучна фигура во делот на промоција и презентација на активностите во рамки на детскиот клуб.

Пишете ни

Вашата порака ни значи, пишете го Вашето мислење и испратете ни го на e-mail. Одговор на Вашиот e-mail ќе добиете во рок од 48 часа. Ви благодариме, Skopje City Mall

Sending

©2017 Skopje City Mall

Log in with your credentials

Forgot your details?