КРИТИЧАРИТЕ ИЗЈАВУВААТ ДЕКА Е НАЈДОБРИОТ ФИЛМ ЗА 2017! „ПОКЕР КРАЛИЦА“ во Cineplexx

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

„Покер кралица“ се темели на вистинската приказна за Моли Блум (Џесика Честејн), млада и харизматична скијачка која ги губи сите надежи за олимпиското злато по сериозната повреда. Одлучувајќи привремено да ги напушти студиите, Моли наоѓа привремена работа која ќе ја внесе во нов свет кој бара самодисциплина и преданост: водење на најексклузивната илегална покер вечер.

Длабоките џебови на холивудската елита, спортските ѕвезди и бизнис магнатите си осигураа успех и гламур за следните децении, но Моли го привлече непотребното внимание кога на нејзината маса се појавија руските мафијаши.

Нејзиниот победнички живот нагло престанува кога насреде ноќ ќе ја уапсат 17 ФБИ агенти наоружани до заби. Против неа е покренат судски процес, а нејзиниот единствен сојузник адвокатот кој е во недоумица (Идрис Елба) открива дека Моли Блум е многу повеќе од онаа особа која ја претставуваат таблоидите во потрага по скандалозни вести. Филмот е режисерско деби на познатиот сценарист и драматург Арон Соркин, добитникот на Оскар за својата работа на филмот „Социјална мрежа“ и добитник на пет Еми награди за телевизиската серија „Западно крило“. Таблоидите ја нарекуваа Блум покер кралица, а Чарли (адвокатот кој ја застапуваше) сметал како таа активно бара публицитет како би заработила од него. Соркин во неа видел прилика да создаде лик кој ќе постави прашања кои и тој самиот сакал да ги постави. Објаснува: „На пример, зошто наоружани ФБИ агенти со автоматско оружје ја апсат среде ноќ како многу опасна особа?“. Чарли е измислена верзија на адвокатот на Блум. Нејзиното лично патување, клучниот однос со нејзиниот адвокат и одбивањето да ги открие поранешните клиенти е суштината на филмот. „Во рака имаше добитна комбинација“, вели Соркин. „Можеше да постане богата и славна ако едноставно ја кажеше вистината, но одлучила дека нема тоа да го направи. Навистина се воодушевувам на тоа.“ Иако „Покер кралица“ е биографски филм, Соркин бил доста внимателен и неговите споредни ликови се измислени. „Отсекогаш ми е важно никој да не посака да си игра детектив и да се обидува да открие кој лик се темели на вистинска особа. Така да сите ликови се спој на различни особи.“

Оригинален наслов: Molly’s Game
Почеток на филмот: 04.01.2018
Траење на филмот: 140 Минути
Земја / година: USA/2017
Жанр: Биографски, Драма
Глумци: Jessica Chastain, Idris Elba, Kevin Costner, Michael Cera, Chris O’Dowd
Режија: Aaron Sorkin
Дистрибутер: Blitz Film and Video Distribution
Возрасна Категорија: (16)


  •  
  •  
  •  
  •  
  •