Логона | Eco cosmetics Крема за сончање SPF 50

  •  
  •  
  •  
  •  
  •   

Eco cosmetics Кремата за сончање SPF 50 со органски бобинки на волчји трн („Sea Buckthorn“) и органски маслинки (Olea europaea) , нуди Висока минерална физичка заштита од сонце (UVA/UVB) по пат на рефлексија на сончевите зраци . Маслиновото масло е моќен антиоксидант кој ги спречува воспалителните процеси во кожата, го регенерира ткивото и ги успорува процесите на стареење. Богато е со Витамини А и Е, и благотворно делува на сува и воспалена кожа. Витаминот Е од маслиновото масло ја одржува еластичноста на кожата. Бобинките од волчји трн имаат голема регенеративна моќ, првенствено поради богатството со витамин Ц како и витамини од Б групата. Истите благотворно делуваат при атопични дерматити и други воспаленија и иритации на кожата. Имаат моќно дејство во заштита на кожата од сонце, намалуваат црвенила и го забрзуваат зараснувањето на раните. Кремата се препорачува за чувствителна кожа, и е ефективна веднаш по употреба. Производот поседува ECOCERT сертификат за природна и ОРГАНСКА козметика.

Повелете на штандот на Logona во Скопје Сити Мол.


  •  
  •  
  •  
  •  
  •