A1 продажен салон

Компанијата А1 Македонија е член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа кој работи во седум држави и обезбедува услуги на над 25 милиони корисници. На македонскиот пазар компанијата опслужува 1,2 милиони корисници, овозможувајќи им одлично корисничко искуство.

Во согласност со дигиталниот начин на живот, А1 е насочена кон обезбедување на најдобри телекомуникациски и дигитални решенија и нуди обемно портфолио на услуги. Услугите кои ги нуди компанијата се целосно насочени кон потребите на корисниците, а опфаќаат услуги во мобилната телефонија, фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, кабелска и дигитална телевизија, конвергентна понуда која вклучува комбинирани пакети со сите услуги, како и напредни ICT решенија.

Преку најсовремена сопствена мрежа А1 на корисниците им овозможува целосна покриеност со 4G LTE мобилен интернет насекаде во земјата и 4G+ во урбаните средини и покриеност на 99,8% од населението. Со услугата за грижа на своите корисници достапна 24 часа во текот на целата недела и константното надградување на каналите за комуникација, А1 ја докажува супериорната грижа за корисниците. Услугите кои ги нуди компанијата овозможуваат дигитален начин на живот и работа како и можност на компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време.

Ваш А1

Translate in English»