Asics

Брендот Asics e основан далечната 1949 година, првично под името Onitsuka Co LTD. Asics е всушност акроним од латинската поговорка “Anima Sana in Corpore Sano” (во здраво тело – здрав дух). Првите почетоци на брендот се поврзани со производството на спортски обувки за кошарка, од страна на Kihachiro Onitsuka. Од самото основање, Asics Group посветено се заложува за негување на спортот, притоа вклучувајќи ги и инволвирајќи ги помладите лица.

Asics е еден од најпопуларните брендови за атлетски обувки и спортска опрема во светот. Иако навидум изгледа како уште една светска компанија за спортска опрема, зад брендот Asics се крие многу повеќе од тоа. Asics е компанија која е фокусирана на технологијата, но не само на производството, туку и на начинот на кој е дизајниран секој нов пар на патики. Со својата Motion ID технологија, каде е единствен по ваквиот пристап, Asics им нуди опција на своите купувачи да изберат патики кои им се по мерка.

Визијата на Asics e да се создаде квалитетен животен стил преку интелигентна спортска технологија, а мисијата е создавање производи и услуги кои овозможуваат здрав и исполнет начин на живот, низ целиот свет.

 

 

Translate in English»