Инфо:

Bella

Приказната на Bella започнува во 1991 години, кога мајка и ќерка инспирирани од феноменот на прекрасната македонска жена отвораат мало модно студио, кое има за цел да ги задоволи потребите за елеганција и софистициран стил. Грижејќи се да ја интегрираат нивната семејна љубов и енергија во уникатна облека, ова мало модно студио прерасна во големо препознатливо семејство.

Ваквиот стремеж ја позиционираше оваа компанија меѓу омилените кројачи за деловни жени ширум земјата, кои како такви имаат воспоставено и личен однос со Bella. Нивната лојалност кон модните колекции на Bella направи апсолутна побарувачка за поголема продукција. Оттогаш Bella постојано се развива за денес земајќи ги во предвид големината на нашиот пазар и локалните критериуми се искачи на врвот.

Стартувајќи од мала работилница, денес семејството на Bella брои повеќе од 50 членови. Секоја од нив е посветена на нашата единствена и главна цел – да им обезбедиме на нашите клиенти уникатно дизајнирана модна облека со непобедлив домашен квалитет на најдобрата вредност за своите пари. Препознатливи по елегантните и гламурозни парчиња, брендот на Bella е изграден врз години успешно комбинирање на врвната мода и желбите на деловната жена.