Инфо:

Cosmo

Cosmo е водечки и најголем ланец на дрогерии во Македонија, дел од семејството на веќе докажаниот лидер во малопродажба – Тинекс. Со својата функционалност, модерен изглед и изобилство на производи и содржини, Космо ги задоволува потребите и најпрефинетите желби на современото живеење.

Следејќи ги новите трендови за убавина и здравје, Cosmo на своите потрошувачи им нуди огромен избор на производи за нега на лице, тело, коса, парфеми од најпознатите светски брендови, ексклузивен накит, производи за нега на бебе, мајки, трудници, декоративна, професионална и медицинска козметика, органска, здрава и диетална храна, додатоци во исхраната, книги итн.

Со своите 12 дрогерии ширум земјата, Cosmo дрогериите денес се избор број еден на повеќе од 37.000 лојални купувачи.

Facebook, Twitter