Daikin

ИЦС ГРУП е фирма во приватна сопственост, која со својот тим од искусни инжињери и сервисери Ви нуди проектирање и изведба на инсталации за ладење,греење и вентилација,како и техничко-консултантски услуги .Нашите системи се современи технолошки и еколошки решенија за многу индивидуални домови и деловни објекти.

ИЦС ГРУП при проектирање и изведба на своите системи, големо внимание посветува на имплементирање на , решенија и опрема за греење, вентилирање и климатизација со висока енергетска ефикасност,со користење на обновливи извори на енергија (воздух, вода, земја, сонце) .

Таквата политика и концепција на работа ја постигнуваме со взаемна соработка и застапување на повеќе светски брендови од HVAC (Heating,Ventilation and Conditioning)областа: SABIANA,CLINT и DYNAIR од Италија, PROKLIMА и KLIMAOPREMA oд Хрватска.

Посебнa чест и привилегија ни преставува фактот што ИЦС ГРУП соработува со Јапанската фирма DAIKIN.
За овој бренд сме овластени увозници и дистрибутери и поради кое имаме свој професионален тим, за инсталирање и сервисирање на нивната комплетна производна програма, која е доста обемна и захтевна.
Уредите што ги нуди овој Јапонски производител , претставуваат најпрофесионална и најквалитетна климатизациска опрема во светот и со постојани иновации го одржуваат тој примат повеке од 15 години.

За зголемување на ефикасноста во користењето на HVAC системите, ИЦС Груп реализира решенија од областа на автоматизацијата и контролата на HVAC системите, но и комплетни BMS (Building Management Systems) решенија,во соработка со Schneider Electric-Франција, каде покрај HVAC системите, се интегрирани и осветлувањето, лифтови, струја, видео надзор, противпожарна заштита, водовод и други системи потребни за интегрирано функционирање на еден современ објект.