Инфо:

Kigili

Модерен и авантуристички, елегантен и удобен, брендот Kigili е наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил.

Kigili е интернационален бренд со потекло од Турција, кој се стреми за беспрекорен квалитет и уникатен дизајн уште од 1938та година, а отсега ќе биде присутен и во Македонија. Надвор од Македонија Kigili има 225 продавници во 66 градови во Турција, а исто така е застапен и низ светот, поточно во Австрија, Франција, Иран, Ирак, Азербејџан, Грузија, Туркменистан, Киргистан, Казахстан и Кина.

Во Kigili можете да најдете спортска и формална облека, чевли и модни додатоци, се што му е потребно на современиот маж за да изгледа моќно и елегантно, како во формалните изданија, така и при секојдневните пригоди.

Kigili облеката е изработена од природни материјали како памук, волна и кашмир, во едноставни кроеви со беспрекорна изведба.

За колекцијата Зима 2015/2016 :

Со совршен спој на лежерност и префинетост во неа, колекцијата „Kigili есен-зима 2015“ претставува сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“.

Карактеристично за целата колекција е дека таа во голем дел е инспирирана од ерата на 1970-тите,  модна епоха која моментално е фокус и инспирација на многу дизајнерски колекции, во тековната сезона во светот на модата.