Инфо:

Levi’s

Во Levi’s ја славиме секоја индивидуа како дел од колективот, дел кој придонесува секојдневието да биде разновидно и специфично. Клубот  на Levi’s почнувајќи од оваа сезона ќе ги вклучи и купувачите од Македонија со отворањето на новата моно бренд продавница во Skopje City Mall, приземје. Продавницата која се протега на површина од 130 м2 ќе ги нуди најновите машки и женски колекции на облека, чевли и модни додатоци на брендот.

На свеченото отворање кое се одржа на 03.09, гостите имаа можност да уживаат во автентична „џинс“ атмосфера, во електронските звуци на диџејот Филип Стефановски и имаа можност да ги персонализираат тексас парчињата во специјализираниот „Tailor Shop“ кој беше поддржан од студентите на Европски Универзитет – Јасмина Тодоровска и Христијан Младеновски.

Брендот Levi’s e eпитом на американскиот класичен стил и релаксирана мода. Од нивното создавање во 1873 година од страна на Levi Strauss & Co., фармерките Levi’s стануваат едно од најпрепознатливите парчиња облека во светот, стекнувајќи ја лојалноста на купувачите низ многу генерации. Денес портфолиото на брендот продолжува да се развива со водечка иновативност во индустријата за облека. Levi’s е присутен во повеќе од 110 земји, озовможувајќи им на луѓето околу светот да го изразат својот личен стил.