Инфо:

Марвел / Marwell

Марвел е македонски бренд за чевли основан во 2014 год. од Пако Марјанов, кој своето искуство го стекнал произведувајќи чевли во семејната фабрика за најпрестижните брендови како Прада, Миу миу, Џими Чу, Версаче, Долче & Габана и многу други. Во 2016- та година за креатовен директор на брендот е ангажирана познатата македонска стилистка и креаторка Цаци Паковска, која му донесе нов креативен правец на брендот. “ Твојот совршен пар” е нашиот слоган, бидејќи Марвелките се повеќе од само пар чевли. Со едноставниот дизајн, најдобрата италијанска кожа и вниманието на деталите, Марвел изработува чевли за независни и силни жени со стил, оние кои го ценат квалитетот и добриот дизајн.