Mr. Hot Dog

Нашата приказна започна летото 2017 година на терасата на Скопје Сити Мол, каде за прв пат се појави хот дог количка со логото на MR HOT DOG.

Денес, првиот специјализиран хот дог киоск се наоѓа во одделот за храна, на третиот кат во Скопје Сити Мол.

На нашето мени ќе најдете многу рецепти кои ќе ги задоволат вкусовите и на најголемите гурмани.

Секој хот дог го правиме со висококвалитетни и внимателно одбрани состојки кои ги подготвуваме секојдневно за максимална свежина, сите состојки ги вклопивме и избалансиравме во највкусните рецепти, го имаме без конкуренција најдоброто лепче во градот и што е најважно од сè –  посветуваме многу љубов и внимание во секој послужен хот дог!

Нашата цел е да ви подготвиме хот дог кој нема да го гледате само како брза храна, туку како вистинско гурманско уживање.