Инфо:

Nike

Скопје на Nike мапата на светот: Најмодерната и најголемата Nike продавница во Македонија.

Во трговскиот центар „Скопје Сити Мол” во мај 2015 отворен е најмодерниот и единствен Nike Shop во Македонија, кој по опременоста и иновациите стои рамо до рамо со Nike продавниците во најголемите светски метрополи.

На отворањето на кое присуствуваа Nike промотерите, спортисти, медиуми и познати личности, претставен е најновиот концепт на Nike продавници, со уникатна понуда од различни категории, со акцент на тренинг опрема за жени, но и трчање, “sportswear” и кошарка.Новиот Nike Shop е главна шопинг дестинација за девојките кои редовно тренираат, но и за сите вљубеници во спортот и трчањето како светски тренд.

“Nike брендот како лидер и иноватор ја отвори најмодерната спортска продавница во Скопје, дестинација која на потрошувачите им нуди шопинг искуство по светски стандарди. На купувачите им се достапни модели кои досега не беа присутни на нашиот пазар. Секогаш настојуваме на купувачите не само во Скопје, туку и ширум Македонија, да им дадеме поддршка да ја пронајдат својата спортска страна и да се активираат во спортот” – истакна Игор Трпковски, директор на Sport Vision кој е застапник на брендот Nike во Македонија.

Nike е водечки светски снабдувач на спортски обувки и облека и главен производител на спортска опрема. Од 2008 година Најк вработува 30.000 луѓе ширум светот. Седиштето на компанијата е во Бивертон, Орегон.

Компанијата е основана во 1964 година од страна на Bill Bowerman и Philip Knight а во февруари 1972 година, ја преставиле својата прва линија Nike патики, со името Nike кое потекнува од името на грчката божица на победата. Слоганот ¨Just do it¨ кој се одржа до ден денес е креиран кон крајот на ’80-те и веќе стана замена за името на самиот бренд кој го препознаваат сите генерации.

Nike е производител не само на обувки за различни спортови туку и на спортска гардероба за фудбал, кошарка, тенис и други спортови. Nike амбасадори се водечките светски спортисти – Роже Федерер, Рафаел Надал, Коби Брајант, Џејмс Леброн, Кевин Дјурант, Тајгер Вудс, Марија Шарапова, Кристијано Роналдо, Неимар, и многу други.