Инфо:

Parfois

Parfois е португалски бренд посветен на изработка на модни додатоци како чанти, чевли, шалови, капи, марами, очила за сонце, накит и сл.

Главното мото на овој бренд е: голем избор, ултра модерни парчиња, достапни цени за просечниот потрошувач.

Parfois постои од 1994 година е и основан од Мануела Медеирос, чија цел била да создаде уникантни и неодоливи модни додатоци за прифатлива цена. Г-ѓа Медеирос се уште активно учествува во создавањето на новите колекции заедно со дизајнерските тимови лоцирани во Порто и Барселона.

За тоа колку овој бренд е динамичен, кажува и самиот факт дека се произведуваат повеќе од 3.500 модели на производи во текот на сезоната, а продажните салони се надополнуваат со нови парчиња речиси секоја недела.