Инфо:

Paul Hewitt

Колекциите на германскиот бренд Paul Hewitt се состојат од часовници и накит кои се со минималистички дизајн надграден со карактеристични поморски детали. Уникатни со можност за создавање на различни комбинации по ваш избор. Сидрото не го симболизира само нашето северно германско потекло, тоа претставува израз на нашиот став кон животот и симбол за автентичност.

Квалитетот е наш приоритет. За да го задржиме нашето ветување, употребуваме внимателно избрани материјали и строга проверка на квалитетот во нашите производни процеси. Часовниците на Paul Hewitt се изработени од висококвалитетни материјали создадени со оригинална изработка, вклучувајќи сафирно стакло отпорно на секакви гребнатинки, висококвалитетен швајцарски механизам произведен од Ronda и нерѓосувачки челик во сребрени,розови златни и златни тонови. Кожните ремени се обработуваат со специјални масла, создавајќи уникатен винтаж изглед што го прави овој бренд посебен. Бидете модерни и елегантни, изберете стил за секоја пригода со едноставна промена на ременот на часовникот во друга боја, метал или кожа по ваш избор.

Со совршена комбинација од фини материјали и симбол сидро го изразувате вашиот авантуристички и космополитски стил на живот. Дополнете го вашиот стил со минималистички и елегантен накит на Paul Hewitt. Изработен од 925 стерлинг сребро и нерѓосувачки челик, нашите производи се достапни во сребрена, златна и розево златна комбинација.Пронајдете ја вашата совршена комбинација на модни додатоци и останете запаметени.

#Getanchoredtothefeeling

Translate in English»