Инфо:

Preciosa®

Почетоците на Preciosa датираат уште од 1548 година, кога во прекрасната Кристална Долина започнува традицијата на обработка на кристал и за брзо време стануваат лидери за производство во Кралството Бохемија. Оваа традиција се пренесува од татко на син со векови и поради врвната изработка и квалитет мајсторите од Бохемија стануваат омилени кај кралските семејства во Европа. По Втората светска војна, во 1948 година, 25 мали и големи фабрики од Јаблонец, Либерец и Турнов, за производство на Бохемија кристал, се спојуваат во една огромна национална компанија под името PRECIOSA. Денес оваа компанија е лидер за производство и извоз на оригинален Бохемија кристал од Чешката Република.