Rekord Baklava

Рекорд баклава значи традиција, квалитет, вкус што не се заборава. Основана 1951 како семеен бизнис во кој е вложено многу верба и љубов, прерасна во бренд препознатлив првенствено по највкусните баклави што се подготвуваат таму. За среќа од пред неколку години и Скопајни добија можност да се насладуваат од овој десерт благодарение на Зеко, Рекорд баклава кој отвори продажни штандови за баклава во Рамстор и Сити мол. Традицијата на Рекорд баклава продолжува и се шири и надвор од Гостивар затоа што е задоволство на сетилата од прв степен. Кој пробал знае. Кој не пробал, нека појде на штандовите во Скопје Сити мол за да се вљуби од прва во вкус што не се заборава!

Translate in English»