Spizzicotto

Спицикото е еден од најстарите и најпознатите македонски брендови за свежо подготвена храна кој постои од 1998 година и кој во октомври 2012 година го отвори и своето трето продажно место во скопскиот Сити Мол.

Сите состојки кои Спицикото ги користи за подготовка на производите се со висок квалитет и македонско потекло. Зад Спицикото стои тим од четириесетина вистински љубители на добрата храна, посветени на подготовка на вкусни и свежи оброци.