VIP продажен салон

Vip е мобилен оператор во Македонија, член на Telekom Austria Group, која брои повеќе од 23 милиони задоволни корисници во осум земји од регионот. Позната како лидер во иновациите, со развивање на нови технологии и услуги кои за првпат се воведуваат на пазарите каде што сѐ присутни.

Во 2007г. Telekom Austria Groupја ја обезбеди лиценцата за трет мобилен оператор во Република Македонија со која се гарантира присутност на пазарот во период од 10 години, а која автоматски се продолжува на дополнителни 10.

Со почетокот на работата на Vip како трет оператор на пазарот, ќе се овозможи вистинска конкуренција во оваа област. Тоа резултираше со подобри цени и поголем квалитет на производите и услугите. Сѐ во интерес и заради задоволството на корисниците. Во 2011 година Vip стана втор мобилен оператор во Република Македонија.